НЕ Е ДО ПАРИТЕ: Атлетико му понуди „богатство“ – Гризман одби


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако веќе подолго време се шпекулира дека Гризман ова лето ќе го напушти Атлетико Мадрид, сепак „јорганџиите“ прават се за да го задржат напаѓачот во своите редови.

Медиумите во Шпанија се категорични дека францускиот напаѓач одамна дал согласност да се пресели на „Камп Ноу“ во текот на летото и дека е Барселона е спремна да плати повеќе од откупната клаузула, односно 115 милиони евра, за да не ги нарушува односите со Атлетико.

Во очајнички обид да го задржат, челниците на Атлетико му понудиле на Гризман неверојатни 20 милиони евра по сезона, што ќе го направи еден од најплатените фудбалери во светот.

Меѓутоа, Гризман ја одбил понудата, иако во Барселона ќе заработува 12 милиони евра годишно.

На Атлетико сега му претстои финалето во Лига Европа, а потоа и последниот меч во Примера, по што Гризман и официјално ќе ја соопшти својата одлука.