Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Внукот на еден од најбогатите руски тајкуни и олигарси, Игор Неклудов, ги наговара луѓето и им нуди пари за да се однесува со нив на најнизок можен начин и да ги понижува чисто за ќеф и кеш, па да може да се сити на тоа и снимките да ги објавува на неговиот YouTube канал. Поради тоа, Григориј Мамурин Гриша го сметаат за еден од најомразените ликови на интернет.
Скоро сите негови видео снимки имаат врска со сексуалноста во најширока форма, им плаќа на жени да му го мијат автомобилот облечени во долна облека, им плаќа на луѓето да ја пијат неговата урина (малку неверно ова, ама кој ќе ги знае), им ги стрижи „на нула“ главите и ги полива со сок од домати. На кратко кажано – за пари бара да ги понижува и тие му го дозволуваат тоа.
Себеси се нарекува „рускиот Спилберг“ и е убеден дека на овој начин ги покажува слабостите и недостатоците на општеството (за жал, не е далеку од вистината).
„Не ги осудувам тие луѓе. Верувам дека имаат проблеми поради кои се принудени и прифаќаат да прават одредени нешта. Не знам што би направил да ги имам јас истите проблеми како нивните“, ја пренесува Daily Mail неговата изјава.
Поголем дел од неговите видео материјали на видео платформата имаат милионски прегледи, најчесто поради контроверзните „срања“ што им ги прави на оние кои се нафаќаат на тоа за пари.