Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Неверството во бракот не е првото нешто поради кое жените ги оставаат своите партнери.
Во првите две причини, покрај неверството се наведуваар и различните цели на партнерот и непрестајните расправии. Овој сервис направи список од 10 причини поради кои жените се одлучуваат на развод.
Овој сервис, е поттикнат од големиот број разводи, па одлучи да истражи кои се причините поради кои жените одлучуваат да ги напуштат своите партнери. На својата интернет страна сервисот анкетираше 43.000 жени за причините поради кои на своите партнери им рекле збогум.
„Неверството понекогаш се покажува како добро средство за спасување на бракот, но многу почесто е причина за распаѓање на бракот“, вели за „Дејли Меил“ извршниот директор на сервисот „Sigurd Vedal“.
Анкетата покажа дека 29.2% од жените како причина за развод го навеле неверството, а Ведал напоменува дека недостатокот на заеднички животни интереси на партнерот, кои се најчеста причина за распаѓање на бракот, може да биде и повод за неверство.
Расправиите, препирувањата и караниците се најдоа на третото место причини за пропаст на бракот, а ги навеле дури 10.9% од анкетираните.
Според анкетата четвртата позиција ја зазема недостатокот на интримност со мажите. Како што се наведува, поголем дел од нив сакаат активен сексуален живот, и ако не го добијат во својата спална соба, ќе го бараат на друго место, што го доведува бракот до пропаст.
„Недостатокот на интимност може да го уништи бракот, а како резултат на тоа, брачните партнери водат одвоени животи“, објаснува Вендал и открива дека голем број мажи и жени се пријавуваат на нивниот сервис токму поради ваквите ситуации во бракот.
Менталната болест е петтата причина за распаѓање на браковите, а што е наведено од 5,6% од анкетираните. Животот со партнерот на кому му е нарушено менталното здравје, е многу предизвикувачки и покрај огромните напори вложени во спасување на бракот, тој многу често се распаѓа.
На шестата позиција е лошото однесување на партнерот, што во анкетаста го одговориле 5% од жените. Со овој одговор е опфатено пријатното физичко, но и емоционално однесување, како и управување со финансиите.
Досадата како убиец на односот го навеле 4,2%, додека зад неа, на осмата позиција се наоѓа значително сериозниот проблем – физичкото злоставување.
На последните две позиции се најдоа проблеми во домот со парите. Вендал смета дека резултатите од анкетата прилично добро ги отсликуваат најчестите причини поради кои жените се откажуваат од бракот и бараат развод и напоменува дека добра работа во сето тоа е што по нивното распаѓање подготвени се да понудат втора шанса на љубовта.