Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако според насловот ќе си помислите дека станува збор за некаква „кромид вест“, односно пародија, во нашава држава и тоа е можно: Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска свечено прими автомобилски гуми за армиските возила.
„Министерката Радмила Шекеринска во посета на касарната во Ѓорче Петров, во моментот кога пристигна најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за годинава“, информираат од прес службата на МО на официјалниот ФБ профил на ова министерство.
„Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена!“-пишува во објавата за овој „настан“.