Не е како Ѓорѓи Колозов: Научниците тврдат дека Бог е млад и женствен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според тврдењата од научниците од Северна Каролина, Бог има прилично младешко лице со женски црти, а неверојатна е и сличноста со Илон Маск, барем според фотографијата која ја пласираат тие.

Последната студија на научниците од Универзитетот во Северна Каролина откриваат дека христијанската перцепција за Бог е далеку од стар и брадест човек, каков што повеќето го замислуваат.

Научниците направија скица со помош на 511 американски христијани кои меѓу бројните фотографии, бираа лица кои најмногу ги асоцираат на Бог, а резултатот беше навистина изненадувачки.

Повеќето луѓе Бог го замислуваат како младолик маж со нежни женствени црти на лицето, а научниците велат дека забележале разлика во перцепцијата и ликовното поимање за Бог зависно од политичките определби на испитаниците.

„Либералите, на пример, Бог го гледаат како млад, нежен и поубав, за разлика од конзервативците“, вели Џошуа Конрад Џексон, водач на студијата, а со него се согласуваат и колегите заслужни за создавање на скицата, Нил Хестер и Курт Греј.

Тврдат дека причината за таквата перцепција е тоа што либералите сакаат да живеат во толерантно општество кое „подобро би било да го води помлад и понежен Бог“.