Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившиот инженер во НАСА пронајде начин науката да ја направи забавна, успевајќи да го „натера“ песокот да се однесува како вода.
Марк Робер не само што го документираше целиот процес туку и го наполни своето џакузи за да се забавува со експериментот. Сето тоа го објасни на разбирлив и духовит начин, додека во стилот на библиските приказни за Исус како водата ја претвора во вино, песокот го претвора во вода.
На своето забавно видео, бившиот инженер од НАСА го истражува она што се нарекува воден кревет. Тоа е „физички феномен кој се поајвува кога количество на цврсти честици ќе се сместат поволни услови за да се однесуваат како течност“.
За песокот да се однесува како вода во џакузито, Марк користи воздух. Главно, дувајќи воздух на дното на садот со песок, го зголемил просторот помеѓу поединечните честички на песокот, намалувајќи го внатрешното триење и дозволувајќи им на честичките слободно да се движат, на начин на кој тоа се случува во супстанциите во течна агрегатна состојба.
„Долго сакав да го направам ова“, објаснува Марк на видеото. „Но, на интернет буквално нема ниту една информација за тоа. Затоа почнав да комбинирам преку куп патнетни цртежи за масивни индустриски водени кревети и забележав дека, наместо еден голем влез, сите имаат голем број мали дупчиња за дотур на воздух“.
Имајќи го тоа на ум, сепак му беа потребни 25 неуспешни обиди пред да го оствари својто прв работен дизајн.