Home Вебкафе Не е Ферари за секого (снимка)

Не е Ферари за секого (снимка)

Иако организираните каравани со скапи спортски автомобили честопати не се опасни во сообраќајот благодарение на добрата организација, понекогаш се случува адреналинот да надвладее, па некои возачи да подлегнат на емоциите и да се изгубат, однесувајќи се неодговорно и пред сѐ опасно и за нив и за другите учесници во сообраќајот.

И тогаш е доволен само еден погрешен потег за да доведе до катастрофа. Токму тоа го сними камерата за време на караванот Sardinia Supercar Experience на југот на Сардинија. На видеото се гледаат моментите пред несреќата каде гледаме суперспортски автомобили како го претекнуваат возилото од кое се снима сообраќајот.

Колоната потоа почнува да го престигнува камперот, но се случува судир во кој камперот се превртел и најмалку едно Ферари се запалило. Одредени италијански медиуми јавуваат дека загинале патниците во Ферарито од Швајцарија. Возачот имал 67 години, а сопатничката 63 години. Откако автомобилот се превртел, тие останале заробени, а потоа автомобилот се запалил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Бијонсе и Џеј-Зи размислуваат да го тужат Кање Вест поради скандалозни изјави за нивните деца

БИЈОНСЕ И ЏЕЈ-ЗИ РАЗГЛЕДУВААТ ТУЖБА ПРОТИВ КАНЈЕ ВЕСТ ПОРАДИ СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ ЗА НИВНИ…