Не ѝ е доста од судови: Им опна тужба на продуцентите за подметнати секс сцени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американската актерка Амбер Хард изгледа решила годинава да ја мине по судови.

По напорниот развод со Џони Деп, сега таа бара правда и во битка со своите соработници.

Имено, откако продуцентите на филмот „Лондонски полиња“ ја тужеа поради непочитување на договорот, глумицата се одлучи на противтужба. Таа тврди дека продуцентите на филмот снимиле еротски сцени со нејзина двојничка, но без нејзино знаење и дозвола.

„Се договоривме да нема такви сцени и затоа ја прифатив улогата“, вели Амбер.

Премиерата на „Лондонски полиња“ е закажана за оваа година, но точниот датум сè уште не е познат.