Не е бе толку скап


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога станува збор за елитната листа од најславните луксузни лимузини, американскиот „Lincoln Continental“ се вбројува во врвот, а сега доаѓа и во надоградена верзија за да добие изглед како една од најдобрите службени лимузини на светот.

Американските производители не се фокусираа на погонот и на измена на другите технички детали , туку на комфорот. Новиот Lincoln е направен за да овозможи кралски комфор. Почетната цена се движи од 46 000 долари .

Луксузниот автомобил Coach Door Edition има наопеку поставени отворања на вратата. Доказ за комфорот се седиштата кои може да се местат на 30 начини, врвен аудио систем и активен систем за контрола на вибрациите. Растојанието меѓу осовините е зголемено на 152,4 мм.

Се подразбира дека во лимузината има додатоци од префинето дрво, како и помошна масичка за лаптоп. Моторот е 3.0 твин турбо бензинец со 406 коњски сили и 542 Nm.

Интересно е дека моделот кој идната година ќе биде произведен во само 80 примероци по повод 80 годишнината на моделот Continental, ќе има цена од „само” 100.000 долари.

Американците сметаат дека цената е превисока, иако лимитираните едиции автомобили во Европа достигнуваат милионски суми.