Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ако секоја зима на пократок, или можеби подолг период, се преселувате во скијачките центри, веројатно веќе сте добро запознаени со сите трикови против смрзнувањето, а со тоа и каква опрема да користите кога се спремате за спуст.
Но, сите еднаш мора да биле почетници во оваа работа и да паѓале на евтини грешки како лоши чорапи или недостаток на заштита од сонце. Со цел да не ги повторувате туѓите грешки, најдобро е да учите од нив. За таа цел, ви пренесуваме пет совети со чија помош максимално ќе уживате во зимскиот заслужен одмор и зимските скијачки и други активности.
1. Скијањето и бордањето не за џабе се нарекуваат екстремни спортови. Секако, тоа воопшто не треба да ве обесхрабрува да ги практикувате, но треба да имате на ум дека ситните незгоди, па и повредите, воопшто не се невообичаена појава, особено ако зборуваме скијачите почетници.
Оттука, не е лошо да размислувате за здравствено осигурување. Лекарските услуги, ако одите во странските скијачки центри, можат да бидат исклучително скапи, а Европската картичка за здравствено осигурување (оној кој ја поседува) не ги покрива трошоците за приватна здравствена заштита или трошоци како спасување на пациентот при несреќа на скијачките терени или превозот назад до неговата татковина. Затоа не е лошо да си имате и целосно здравствено осигурување.
2. Еднакво, такво внимание какво што ќе посветите на вашето здравје, треба да посветите и на „здравјето“ од вашиот автомобил. На зимување никако не треба да си дозволите да заглавите во некој снежен сообраќаен метеж, ниту пак зимскиот одмор да ви биде нарушен поради некои ситни поправки на колата. Веројатно не треба да ви потенцираме дека едноставно мора да имате зимски гуми, а еднакво задолжително е и поседувањето на ланци.
Пред заминување на пат обавезно проверете дали сте понесле средство за одмрзнување на стаклата и бравите, и да ве потсетиме, жешка вода нема да ви помогне околу тоа. Исто така, добро премачкајте ја каросеријата на автомобилот со восок, за да ја заштитите од штетата која може да ја нанесе солта на патиштата. Во багажникот секогаш имајте лопата за снег, метличка и стругалка за мраз.
3. Сонцето во зима е посебен благодет кој пробуваме максимално да го искористиме. Кога сте на планина, имате поголема предност во тој поглед. Но, треба да знаете дека иако е зима и сонцето не пече така како во лето, може да биде еднакво опасно. Затоа обврзно носете си со себе крем за заштита од сонце и не заборавајте редовно да се мачката со него по неколку пати на ден, во зависност од тоа колку време ќе бидете изложени на сонце и отворени услови.
Исто така, во џебот секогаш имајте балсам за усни со заштита од UVA и UVB зрачење. Скијачките очила или очилата за сонце се еднакво задолжителна опрема.
4. Без скии и скијачки чевли нема скијање. Но, многу новајлии во скијачката активност веројатно нема да обрнат доволно внимание на чорапите. Тоа не е неразбирлива грешка, со оглед на тоа дека луѓето кои прв или втор пат одат на скијање, немаат искуство како е после цел ден поминат на скијачките патеки, кога ќе се соблечат скијачките чизми, безуспешно да се обидуваат да ги стоплат смрзнатите стапала полни со плускавци.
Затоа постојат скјиачки чорапи и ракавици. Во нив нема да ви биде ладно бидејќи се подебели на деловите каде плускавците најчесто се појавуваат. Уште еден практичен совет е подобро да носите волна отколку памук, бидејќи со волнена облека нема да ви достуди дури и ако многу се испотите.
5. Иако на телевизија скијањето ви изгледа како неверојатно лесна и грациозна активност, за која ви се потребни „малку ритам и движења“ за лесно да ги имитирате врвните скијачи, не заборавајте дека тие се професионалци и дека скијањето и бордањето се и тоа како сериозни активности кои бараат сериозна подготовка.
Физичката подготвеност и телесната кондиција за скијањето се од исклучителна важност и истите нема да ги добиете само со неколкудневно пешачење низ маало пред да одите на скијање. Воспалението на мускулите и истоштеноста кои можат целосно да ви го унштат одморот се најблага казна за таа негрижа. Повредата здобиена поради банална грешка и причина е многу посериозна последица и казна.