Не брзајте со одговорот: Што мислите, колку дупки има една цевка?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да, сите од прва ќе речете дека една цевка (или како што некои ја викаат – сламка), има две дупки. Но, ако за точен одговор на ова просто (попросто, нели, не може да биде) прашање се повикате на математичката топологија, нештата стануваат комплицирани (покомплицирани не можат да бидат).

За да се уверите дека е токму така како што ви велиме, изгледајте ја десетминутната експертиза која ја прави математичкиот тополог Хенри Сегерман, со цел да одговори на едноставното прашање. После неговите објаснувања, ќе бидете сигурни само во едно – нема да бидете сигурни дека знаете што е тоа дупка.