Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ако од мали ги научиме децата на правилни пофалби и охрабрувања, тие ќе им одиграат важна улога во формирањето на нивниот карактер и начинот на кој децата гледаат на себе и на сопственото јас. пробивајќи се во светот на возрасните.
Но, видот на пофалбата е она што е уште поважно – поврзано е со квалитетот, а не со квантитетот. Па наместо да ги кажете вообичаените работи како „браво“ или „добро завршена работа“, обидете се со овие алтернативни стратегии…
1. Пред да упатите пофалба, поставувајте прашања
Кога детето ќе ви го понуди сработеното, може да паднете во искушение и да речете: „Одлично сработено!“, но наместо тоа, паузирајте и поставете му ги следниве прашања:
– Како го направи тоа?
– Што беше најтешко во целиот процес?
– Кој дел ти е омилен?
– Има ли тука некаква приказна?
Забелешка: Ако сега почнувате со вакви прашања кон вашите деца, откако претходно сте упатувале пофалби за сработеното, бидете подготвени да се соочите со одговори како „не знам“, бидејќи детето било навикнато на поинаков пристап од ваша страна. Но, бидете трпеливи, ќе се исплати.
2. Пофалете го нивниот карактер
Важно е вашето дете да знае дека она што го направило или постигнало не е ниту приближно важно како градењето на неговиот карактер. Ако забележите посакувани карактеристики кај детето како великодушност, љубезност, емпатија или залагање за некој друг, кажете му дека сте ги забележале тие особини и дека сте горди на него.
3. Пофалете ги стратегијата и процесот на создавање
Наместо да се фокусирате на крајниот производ, пофалете го самиот процес на создавање. Ова помага ако сте го набљудувале детето во текот на самиот процес. Може да кажете: „Го согледав начинот на кој се обидуваше да го решиш проблемот – најде многу паметен начин за да го сториш тоа“.
4. Бидете автентични во охрабрувањето
Важно е да бидеме искрени со своите деца, наместо да ги потенцираме лошите моменти. Неодамнешна студија од Јужна Кореја ги поврзала прекумерните пофалби и нивниот недостиг со зголемување на стапката на депресија и демотивација за учење. Се открило дека најсреќни деца се оние чии родители им упатувале соодветни пофалби во согласност со нивните достигнувања.
5. Упатувајте описни пофалби
Понекогаш сè што ви треба е да го опишете она што го гледате за да го охрабрите своето дете. „Изгледа дека навистина уживаш кога играш…“ „Одиш сам/а. Ти си веќе големо момче/девојче!“
6. Пофалете го нивниот труд
Нашите деца нема секогаш да бидат најдобри во сè, па забележувањето и вербалното уважување на трудот кој го вложуваат се навистина важни. Исто така, тоа им помага да видат дека давањето максимум и учењето нешто ново е награда за нив.
7. Едноставно заблагодарете им се
Наместо да му велите „добро сработено“ за секојдневните работи што ги врши вашето дете, а тие не бараат некои посебни вештини, едноставно заблагодарете му се за тоа што ги завршило задачите.
Извор: Деца.мк