Home Шоубизнис Не била Зорица виновна: Весна Змијанац откри зошто се развела од Кемиш

Не била Зорица виновна: Весна Змијанац откри зошто се развела од Кемиш

Весна Змијанац и Зорица Брунцлик 30 години не зборуваат

Иако можеби ни се чини дека сме огрубеле на многу работи, некои приказни се раскажуваат со години. Најголемата кавга на естрадата се случи одамна, а конфликтот меѓу Зорица Брунцлик и Весна Змијанац траеше цели три децении.

Толку долго пејачките не разговарале поради сегашниот сопруг на Зорица, а поранешен маж на Весна – хармоникашот Љубомир Аранѓеловиќ Кемиш. Зорица беше гостин на свадбата на Весна и Кемиш, а се зборуваше дека потоа „ѝ го украла“ мажот.

Во автобиографијата што го носи насловот на нејзиниот голем хит „Кад замиришу јорговани“, Весна ги спомена и мажите кои оставиле најголема трага во нејзиниот љубовен живот, а се присети и на тоа како го запознала својот прв маж. Тоа било на самиот почеток на нејзината кариера.

‒ Отприлика во исто време, па дури и пред да ја снимам првата плоча, го запознав Миролјуб Аранѓеловиќ Кемиш, човекот кој подоцна (кога веќе ќе имав снимено голем албум) ќе стане мојот прв официјален сопруг, и кој ќе работи со мене и за мене на некои од моите следни плочи.

Првите денови со Кемиш

Ибарската магистрала била судбинска за многу денес познати имиња. Како што понатаму наведува во книгата, првите денови на љубов со Кемиш не биле премногу сериозни:

‒ На почетокот нашите средби беа ретки, а врската нестабилна. Разделени поради работата, често стотици километри далеку еден од друг, не бевме премногу приврзани. Но, се сметаше дека сме заедно. Во таа неоптовареност набрзо некако и ја прекинавме врската. Како некој да му дувна на свеќа. Темница. Ништо.

Сепак, за да не се враќам подоцна на тоа, сега би сакала да го опишам нашето повторно зближување, кое на крајот резултираше со брак. Мојот прв брак и единствена свадба (единствената свадба на која јас бев невеста). По нашето разделување, Кемиш брзо се ожени, но тој брак не траеше долго. Времето кога пеев со него (како и подоцна во заедничкиот живот) ми остана во убаво сеќавање. По брзиот развод, Кемиш замина во војска, а од војската – право во мојот стан и во брак со мене.

Како изгледаше единствената свадба на Весна?

‒ Свадба како свадба. Голема и убава. Многу колеги и колешки, кои, се разбира, не можеа да одолеат да не земат микрофон. Пееја сите. Дури и јас, иако на почетокот се трудев да бидам вистинска невеста – весела, но воздржана, достоинствена.

Растанокот помина во мир. Немаше никакво одземање на некого, ниту трето лице, иако за тоа долго се зборуваше.

‒ Разводот ни беше како и бракот: мирен, воздржан и договорен. Од Кемиш многу научив, многу ми користеше неговото големо музичко искуство, умешност и знаење, кои великодушно ми ги пренесуваше. Се разделивме во моментот кога за истите (и заеднички) работи почнавме различно да размислуваме.

Јас сè уште не бев подготвена да бидам и сопруга (во вистинска смисла на зборот) и жена; онаа врз која, како што велат, почива домот. Не сакав ниту да бидам во сенка. Немавме деца, старите врски полека попуштаа, а нови немаше. И, како најважно, не ме привлекуваше доволно она што се наоѓаше зад оние, само малку подотворени врати – вратите на кралството кое веќе ми припаѓаше.

Причините за разводот според Кемиш

По разводот, во 1987 година, Кемиш одлучи во отворено писмо, објавено во еден неделник, да ги открие причините за крајот на бракот.

– Драган Стојковиќ Босанац, Тахир Туркалиќ и јас долго време бевме неразделни соработници и во работата и во приватниот живот. Работевме на многу заеднички проекти, а нашата цел беше создавање на нов звук во народната музика.

– Како пример за таквата несебична соработка можам да споменам дека дури го повикав Драган Стојковиќ да свири на плочата на мојата тогашна сопруга Весна Змијанац. Во тоа време Драган Стојковиќ ни беше домашен пријател и тој беше единствениот човек во кого никогаш не би се посомневал дека би ми се мешал во бракот. А подоцна дознав дека во октомври претходната година (1985) веќе бил со Весна, како и по тоа.

– Во ноември се разведовме по договор со Весна Змијанац, дознавајќи за нејзините бројни авантури – наведе Кемиш и додаде дека тогаш започнале неговите вистински маки.

– Со ова сакав да ставам крај на еден грд период во мојот живот. На почетокот на декември се иселив од заедничкиот стан на улица Лешка, а во јануари, кога дојдов по моите работи, во станот го затекнав новоименуваниот уредник на пропагандата во ПГП РТБ (Влада Јовановиќ, со кого Весна подоцна ја доби ќерката Николија) во многу „домашна“ атмосфера (во долна облека).

– За него, инаку, имам многу позитивно мислење, како за многу способен пропагандист, кој со посветеност може многу да придонесе за афирмацијата на некој пејач (пример Весна Змијанац) – изјави тој одамна.

По разводот со Кемиш, Весна Змијанац со докторот на науки Влада Јовановиќ ја доби ќерката Николија, додека Кемиш со Зорица Брунцлик ја доби ќерката Злата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …