НБА се простува од легендата: Замина кошаркарската икона Бил Расел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иконата на Бостон Селтикс и НБА лигата, но и еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Бил Расел, 11-кратен НБА шампион, почина на 88 години, соопшти неговото семејство во неделата вечерта.

Бил Расел е основоположник на династијата на Бостон Селтикс кој во негово време станал хегемон во НБА лигата. Расел со „детелините“ освоил дури 11 шампионски титули во 13 години, а последните две како првиот црномурен тренер во кој било спорт во САД.

Неговото семејство ја објавило веста за неговата смрт на социјалните медиуми и наведоа дека до последен момент со него била неговата сопруга Џанин.

„Сопругата на Бил, Џанин, и многу негови пријатели и роднини ви заблагодаруваат што го споменувавте Бил во вашите молитви. Можеби ќе оживеете еден или два златни моменти кои тој ни ги даде нас или ќе се присетите на неговата насмевка како заштитен знак додека уживаше да раскажува вистински приказни какви што биле.

И се надеваме дека секој од нас ќе може да најде нов начин да делува или збори низ бескомпромисната, достоинствена и секогаш конструктивна посветеност на принципите на Бил. Тоа би била последна и трајна победа за нашиот сакан #6.“

Бил Расел бил избран како втор пик на НБА драфтот во далечната 1956-та година. Од тогаш па се до 1969-та година тој доминантно бил најдобар на НБА паркетите. По крајот на играчката кариера, се посвети на тренерска и од клупата ги предводеше неговите Бостон Селтикс, како и Сиетл Суперсоникс и Сакраменто Кингс.

Освои 11 шампионски прстени во НБА, дури пет пати ја добил МВП наградата за најдобар играч во лигата а 12 пати се појавил на големиот Ол-Стар натпревар што и натаму е меѓу рекордните достигнувања на вечната листа кошаркари со најмногу настапи.

Во својата енормно богата кариера, Расел постигнал дури 14.522 кошеви, имал 4.100 асистенции и 21.620 скокови