Home Спорт НБА го смени начинот на гласањето за Ал Стар натпреварот

НБА го смени начинот на гласањето за Ал Стар натпреварот

НБА лигата ја прифати идеата на најголемиот дел на кошаркарите и реши да воведе измени во начинот на кој се избираат играчите за Ал Стар натпреварот.

Долги години стартните петорки на Источната и Западната конференција ги бираа навивачите со своите гласови, додека тренерите ги бираа резервите.

НБА лигата реши нанвивачите и понатаму да бидат дел од изборот на стартните петорки, но нивното влијание ќе биде намалено на 50%, додека по 25% од гласовите ќе доаѓаат од играчите и новинарите.

Кошаркарите ќе можат да гласат и самите за себе, но и за своите соиграчи, а стандардно ќе се бираат по тројца играчи на позициите од 3 до 5 и двајца бекови.

Причина за реакцијата на играчите беше гласањето за последниот Ал Стар, кога Грузиецот Заза Пачулија „за влакно“ не влезе во стартната петорка на Западот. Сонароднците на Пачулија биле многу активни во гласањето, како некогаш Кинезите за Јао Минг.

Многумина оваа промена ја нарекоа „Правилото на Заза“. Пачулија минатата година доби само 14.000 гласови помалку од Каваи Ленард, кој се наиде во стартните пет на Западот.

Иако минатата сезона во просек по натпревар постигнуваше по осум поени, Пачулија во гласањето за Ал Стар натппреварот доби повеќе гласови од ѕвездите Блејк Грифин, Тим Данкан, Ентони Дејвис, Двајт Хауард, Дирк Новоцки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…