Навремен крај на изборите: Сите гласачки места затворени во 19 часот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според пропишаните правила и гласачки рокови, во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на вториот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На својата редовна прес конференција, Државната изборна комисија ги објави резултатите од излезноста до 18:30 часот според кои потребниот цензус за избор на шеф на државата е постигнат, прецизирајќи дека на половина час пред затворање на гласачките места излезноста била 44,5%. По ова, победник е кандидатот кој ќе освои поголем број гласови.