Наводно ОВАА е „магичната понуда“ од Грција за решавање на спорот за името


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


При посетата на Македонија од страна Никос Коѕијас, грчкиот Министер за надворешни работи, се очекува дека тој може со себе да носи предлог за компромисно решение за деценискиот спор на двете држави околу името на Македонија.

„GornaMakedonija” е наводно магичното решение кое треба да го разреши спорот кој 27 години постои меѓу Атина и Скопје. Грчката страна тоа наводно го сигнализирала уште при последната рунда преговори со посредство на ОН во јануари годинава. Грчките медиуми јавуваат дека министерот Коѕијас при денешната посета во Скопје наводно ќе се залага за ова компромисно решение. Новата формула се вика „Горна Македонија” – но, грчката страна не сака ова име да се преведува. А зошто па да не. „И тоа е знак за нерационално размислување коешто е речиси типично за нашата перцепција на спорот за името низ изминатите години,” се жали Спирос Данелис, пратеник од Социјално либералната партија То Потами во разговор за ДВ. Политичарот кој важи за умерен вели дека не го разбира таквиот начин на размислување. Од друга страна: „Ако компромисното решение Горна Македонија навистина го прифатат двете страни и придонесе да се реши спорот за името, тогаш тоа секако треба да се спроведе.”

Дали Македонија бездруго ќе го прифати ова име е под знак прашалник. Дури и да се согласи спорот за името со тоа нема да биде автоматски решен, смета Јоргос Цогопулос, доцент за меѓународни односи на универзитетот во Тракија. Уште поважно од преговарачки успех под посредство на ОН е прашањето дали соседната држава своето име ќе го запише и во Уставот, вели Цогопулос. Уставот би требало да биде сменет во насока на тоа да се исклучат евентуални територијални претензии кон Грција. „Јас не верувам дека Скопје е навистина подготвено да си го смени Уставот, така што воопшто не можам да го споделам оптимизмот на владините политичари во Атина,” вели Цогопулос.

Според портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, министерот Коѕијас има комплетен пакет со компромис „во согласност со цврстите преговарачки позиции на грчката влада” и денеска (23.03) во Скопје сака да разговара токму за овој предлог. Грчките медиуми јавуваат дека и другата страна има свои предлози за решение на спорот. Најдоцна на 30 март Метју Нимиц ќе закаже нова рунда преговори во Виена. Во секој случај првиот човек на грчката дипломатија се покажа невообичаено опптимистички расположен и притоа се повика на најголемиот Македонец на сите времиња: „Александар Велики ни покажа како се сече Гордиевиот јазол.”

Извор: Дојче Веле