Навивачките хулигани од ФК „Шкендија“ направија хаос во Тетово – фрлаа со камења и шишиња


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За среќа немаше повредени, а не беше предизвикана ни материјална штета после хулиганското однесување на навивачите на фудбалскиот клуб „Шкендија“ пред почетокот на натпреварот на „Шкендија“ со ФК „Шкупи“ во Тетово.

Хулиганите пред почетокот на натпреварот со ФК Шкупи во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир фрлајќи со камења и шишиња кон терасата на кафуле во Тетово.

„До сега нема пријавено дека има повредени лица ниту дека има приченета материјална штета. Навивачите во група се движеле кон градскиот стадион, а освен скандирање на навредливи пораки фрлале со камења и шишиња кон тераса на кафуле во градот”, велат од МВР.

„Балистите” движејќи се по улицата скандирале „учк учк”, и други пораки со навредлива содржина.

Кога се доближиле до кафулето етикетирано како македонско, почнале да фрлаат со камења и шишиња кон терасата каде што имало гости, без претходно да бидат испровоцирани.

Полицијата била присутна на местото и не дозволила да се случи поголем инцидент.