Навивачите огорчени: Дојде како „чудотворец“, а од него е подобар и исмеаниот претходник!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Идилата меѓу навивачите, играчите и харизматичниот тренер на Ливерпул дефинитивно е готова, а фановите веќе на социјалните мрежи покренаа кампања за смета на Германецот со слоган #KloppOut.

„Црвените“ во последните два месеци ја упропастија сезоната, испаднаа во двата Купа, додека во првенството од прв ривал на Челзи за титулата паднаа на 5-то место. Притоа и тоа место им виси, бидејќи Манчестер Јунајтед, кој има натпревар помалку, може да ги престигне.

Статистиката покажува дека Клоп после 55 натпревари на клупата на Ливерпул е полош дури и од неговиот претходник Брендон Роџерс, што секако е загрижувачки факт за навивачите на „црвените“.

На 55 натпревари во Премиер лигата Роџерс освои 97 бода, а Клоп само 94, па ова денес е главна тема во англиските медиуми.

Навивачите му даваа кредит на германскиот стратег, но сега не се огорчени само поради поразот од Лестер, туку затоа што до поразот дојде откако Клоп го однесе тимот на двoнеделни припреми во сончевата Шпанија.

Тоа им беше „награда“ за испаѓањето од куповите и што минатата сезона не обезбедија настап во Европа, па двете недели без натпревари ги искористија за „полнење на батериите“, а кога се вратија Лестер им ја наполни мрежата.