Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во новите дресови наменети за љубителите на фудбалскиот клуб Шалке ќе има вграден електронски чип кој ќе им овозможува плаќање во една онлајн самопослуга – нов спонзор на клубот.
Бундеслигашниот клуб соопшти дека чипот кој е вграден во ракавот од дресот со знакот на продавницата „AllyouneedFresh“ ќе им овозможува на стадионот да плаќаат пиво и колбаси.
На дресовите од играчите ќе ги нема тие чипови бидејќи тие „ретко одат на штандовите со пово и колбаси на полувремето“, истакнаа од клубот.
Спонзорскиот договор на Шалке и таа онлајн продавница е потпишан на четири години, а магазинот „Кикер“ објави дека вредноста на договорот е 20 милиони евра.
Шефот на маркетинг на Шалке, Алекдандер Џобст изјави дека од клубот се горди што први во светот можат да престават дрес кој има чип за плаќање.