Навивачите на Реал вратија 2.000 билети за финалето од ЛШ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите на Реал вратија 2.000 влезници за саботното финале во Лига на шампиони против Ливерпул бидејќи имаат проблем со наоѓање сместување и летови за Киев.

Цените на хотелското сместување скокнаа неколкукратно пред самото финале, што ги налути и самите Украинци кои сметаат дека со вакви потези се испраќа лоша слика за нивниот град. Тие дури и ги повикуваат Шпанците и Англичаните бесплатно да преспијат во нивните куќи.

„Доколку има празни места на стадионот во Киев, тоа ќе биде срам за УЕФА. Комплетно ги разбираме навивачите на Реал, кои можеби можат да ги купат вратените влезници, но не можат да си дозволат сместување и авионска карта. Организацијата на овој меч е дебакл, а се надевам дека УЕФА добро ќе размисли како ќе ги организира идните финалиња“, изјави портпаролот на клубот на навивачи на Ливерпул, Џејмс Мекен.

Поголем проблем, особено за Шпанците се високите цени на авионските карти. Оние кои сѐ уште немаат обезбедено превоз, сега ќе мора да платат најмалку 1.000 долари за повратен билет до Киев.

Влезниците кои ги вратија навивачите на Реал не можат да бидат проследени кон Ливерпул, па така можно е еден добар дел од трибината наменета за навивачите на Реал да остане празен.