Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Антонио Конте никогаш не бил поблиску од отказ на кормилото на Челзи, а клучен за неговата иднина ќе биде следниот месец.
Конте после катастрофалниот пораз од Бурнмаут призна дека неговиот тим тешко ќе избори пласман во топ 4, што дополнително ги налути навивачите, но и управата на лондонскиот клуб.
Сигурно е дека ќе си замине на крајот од сезоната, но Конте би можел и порано да добие отказ, а клучни за неговата иднина ќе бидат следните неколку меча, како и дуелот со Барселона во ЛШ.
Ако нема подобрување ниту со Жиру, Конте ќе биде сменет, а Абрамовиќ би повикал некој од своите пријатели. Хиндинк, Слутски или некој друг кандидат кој би го пополнил тоа место до лето, кога треба да стигне Луис Енрике, кој е прв кандидат за наследник на Италијанецот.
Иднината на Конте е најверојатно во Италија, каде се поврзува со преземање на италијанската репрезентација или евентуално Милан.
Во секој случај, Челзи, кој во моментов има два бода повеќе од петопласираниот Тотенхем, го очекува гостување кај Ватфорд во понеделник, а пред дербито со Барса ќе го пречека ВБА и го очекува куп натпревар против Хал.
После Барселона, два пати за десет дена ќе одат во Манчестер, ако ги загубат и тие средби, и бидат елиминирани од Брселона, нема сомнение дека Конте ќе биде сменет