Навивачите бесни: Дали ВАР го оштети Реал Мадрид?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид во моментов игра против Леванте на „Сантиаго Бернабеу“ и има негатива од два гола разлика на полувреме.

Барди и дружината ги шокираа „кралевите“ уште во 7-та минута со голот на Моралес, но вториот гол на гостите предизвика големи полемики.

Имено судијата најпрво досуди слободен удар после играта со рака на Варан, а потоа по сугестија на ВАР покажа на белата точка.

Таквата одлука на судијата предизвика лавина реакции кај фановите кои сметаат дека играта со рака била надвор од казнетиот простор. На фотографијата подолу можете да видите и само да заклучите кој е во право.