Навивачи на ФК Шкупи нападнале двајца тинејџери од Академија Вардар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Две момчиња од 15 години вчера околу 13.30 часот во близина на Академија Вардар, биле нападнати од група од 20 до 30 лица, најверојатно навивачи на ФК Шкупи. Тие излегле од спортската сала Кале и се упатиле кон Градски парк, а во близина на Академија Вардар забележале дека зад нив се движела групата.

При разминување, едно лице од групата со тупаница го удрило едното дете по лице, додека неколку други го нападнале другото дете, удирајќи го со нозе и раце во пределот на главата и телото. Малолетниците забележале дека едно од лицата имало нож во рака, а повеќе други лица имале метални шипки на расклопување, кои не ги употребиле.

Едно од децата, поради повреди, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ 8 Септември.

Пред овој настан, полицајци кои биле ангажирани да го обезбедуваат фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Шкупи, привеле шестмина скопјани и еден велешанец.