Навивач на Рома скокна во река поради Тоти (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивач на Рома требаше да скокне во реката Тибар поради еден вид облог со легендата на „волчицата“, Франческо Тоти.

Момчето преку социјалните мрежи влезе во контакт со симболот на Рома и му напиша: „Франческо, ако ми одговориш, ќе скокнам во Тибар“.

Одговорот на Тоти кон Габриеле беше само со еден збор: „Бомба“.

Навивачот на Рома го одржа ветувањето и скокна во реката Тибар, а видеото го објави на социјалните мрежи.