Home Вебкафе Навивач ја бакна новинарката и ја фати за гради за време на пренос во живот

Навивач ја бакна новинарката и ја фати за гради за време на пренос во живот

Колумбиската новинарка Џулиет Гонзалес Техран доживеа мала непријатност со еден навивач додека известуваше во живо од Светското фудбалско првенство во Русија.

Додека Џулиет известуваше во живо, до неа дотрча еден навивач, ја зграби за гради и ја бакна во образот и побегна пред таа да се свести што се случи. Новинарката остана прибрана со цел да го доврши прилогот, но нејзиниот израз на лицето ја издаде колку непријатно беше изненадена во ситуацијата.

Новинарката подоцна со снимката сама се пофали на Инстаграм: „Бев таму два часа подготвувајќи се за прилогот и ништо не ми се случи. А кога почнавме со пренос во живо, типот ја искористи ситуацијата. Додјде до мене, ме бакна, ме фати за градите. Морав да продолжам со работата, подоцна гледав дали тој непознат маж е уште таму, но го немаше“, напиша таа.

„Не заслужуваме ваков третман. Еднакво сме вредни и професионални. Ја делам возбудата поради фудбалот, но мора да направиме граница меѓу нежностите и злупотребата“, додаде Џулиет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Меган Фокс се породи и ја доби долгоочекуваната ќерка

Холивудската ѕвезда Меган Фокс стана мајка по четврти пат, но овојпат на свет донесе девој…