Навистина му дале чудно име на бебето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повикувајќи се на изворен увид во изводот од матична книга на родени, TMZ потврдува дека милијардерот Илон Маск и канадската пејачка Грајмс навистина му го дале чудното на бебето името што го најавуваа, со мали измени заради законот во Калифорнија.

Според изводот на раѓање на детето објавен од TMZ, официјалното име на детето е X AE A-XII Musk. Според најавите, тие сакале да го именуваат своето прво бебе X Æ A-12 Musk, што во суштина е исто, само напишано поинаку.

Според законот во Калифорнија, имињата мора да бидат ограничени на англиската азбука и не смеат да содржат броеви или специјални знаци. Мaск и Грајмс го решиле проблемот со пишување римски броеви во името наместо 12.

Грајмс објасни минатиот месец дека името на детето се изговара Ксаи (XAE), но не откри дали ќе го користи и продолжението А-12.

Социјалните мрежи сè уште се преполни со шеги за детето на славната двојка, а по „промената“ на името, многумина се шегуваа дека пристигнало првото ажурирано бебе.