НАВИКАТА НА СПИЕЊЕ ЌЕ ВИ ОДРЕДИ КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ЖИВЕЕТЕ: Експертите загрижени за „НОЌНИТЕ ПТИЦИ“…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Луѓето кои остануваат будни до подоцна во ноќта и наутро им е тешко да станат, имаат поголем ризик да починат помлади од оние кои легнуваат и стануваат следејќи го сончевиот ритам.

Студијата спроведена помеѓу 430.000 луѓе во Британија открија дека се „ноќни птици“ имаат 10% зголемен ризик од смрт од ранобудниците. „Ова е прашање од јавното здравје кое веќе не може да се игнорира“, истакна изминатата недела коавторот на студијата Малком ван Шантц и потврди дека на „ноќните лица“ би требало да им се дозволи подоцна да пристигнат на работа. „Ноќните птици кои се обидуваат да живеат во светот на ранобудниците можат да имаат здравствени последици“, вели Кристер Кнотсон исто така авторка на студијата.

10% зголемен ризик од смрт

Тие од јавните податоци собрале податоци за речиси половина милион луѓе во доба од 38 до 73 години. Авторите на студијата се опишаа како „дефинитивно утрински луѓе“ во 27% од случаите, „повеќе утрински од ноќни“ 35%, „повеќе ноќни отколку утински“ 28% или „дефинитивно ноќни птици“ кои се девет проценти. Исто така ја наведоа својата тежина, навиката за пушење и социјално-економскиот статус.

Студијата покажа дека здрава количина на одмор е многу важна. Авторите заклучија дека гротото „ноќни птици“ имаат 10% поголем ризик од смрт од ранобудниците. Исто така открија дека ноќните луѓе имаат поголема шанса да развијат некое психолошко пореметување, дијабетес или проблем со желудникот и дишењето. Освен тоа, склони се на пушење, пиење алкохол и кафе, а земаат и илегални дроги.

Треба подоцна да почнуваат со работа

Причината од зголемениот ризик е можеби тоа што „луѓето кои се бидни до подоцна имаат внатрешен биолошки часовник кој не е во комбинација со надворешното опкружување“, истакна Кноутсон. Тоа би можело да биде психолошки стрес, стрес за телото во погрешно време, недоволно вежбање, недоволен сон, тоа што сами остануваат будни долго во ноќта, можеби земањето дрога или алкохол. Авторите се повикаа на посебен третман на „ноќните птици“, односно флексибилна работа и работни часови. „Не би требало да стануваат за смена која почнува од осум наутро“, сметаат експертите.