Навидум симпатичната снимка од поларна мечка и куче крие мрачна позадина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Снимката на која поларна мечка гали куче во местото Черчхил, Манитоба, се рашири со голема брзина по интернетот и социјалните мрежи, а луѓето се разнежнија од сцената која ја видоа.

Но, оваа сцена во позадина крие морбидна приказна и вистина. Откако се појави видеото, службениците кои се борат за зачувување на природата открија мрачни детали за поларните мечки во тој крај. Според СВС, средбата меѓу мечката и кучето ја снимил сопственикот на имотот на кој се сретнаа животните, Брајан Ладун. На почетокот од овој месец чуварите за заштита на природата застрелале три поларни мечки, а една од нив убила куче токму на имотот од Ладун.

Ладун за телевизија раскажа како едно од неговите кучиња било изедено од мечката.

„Тоа беше единствениот ден кога не ги нахранивме проклетите мечки, единствената ноќ кога не им оставивме ништо за јадење“, изјави тој. Тој додаде дека за мала парична награда ги води туристите да ги видат поларните мечки.

Хранењето на поларните мечки и другите загрозени видови е забрането со закон за зачувување на дивите видови. Јан Стерлинг, професор на универзитетот во Алберт, вели дека постапките на Ладун се опасни за кучињата, кои инаку ги држи надвор.

„Инуитите, кои со години живееле на Арктикот ми кажаа дека, ако сакаш кучето да се однесува како чувар, не смееш да го држиш врзано. Кога е врзано со синџир, кучето знае дека е ранливо и не лае“, вели тој.