Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Малиот Мини автомобил од 1962 година, во својата стандардна варијанта е доста забавно автомобилче, но кога ќе го засилите со „накит“ од Хонда, на среќните моменти им нема крај.
Токму таков уникат е составен во Калифорнија и се продава на eBay. К20 моторот со 220 коњски сили и 206 Nm завртен момент беше вграден во задниот дел од Мини убавецот. Сиот останат вишок материјал беше отстарнет, па ионака скромната маса беше минимизирана.
Дигиталниот брзиномер и Sparco управувачот го збогатуваат впечатокот, а заштитниот кафез е вграден од сосема оправдани причини.
Единствен проблем може да биде цената, која во само неколку дена скокна од иницијални 0,99 на повеќе од 17.000 американски долари.