Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хуан Карлос Наваро, легендарниот бек на Барселона, стана првиот играч во историјата на Евролигата со постигнати преку 4.000 поени.
Хуан Карлос Наваро, во Истанбул против Фенербахче, постигна четири поени и стигна до 4.000 поени во кариерата. Зад него се Василис Спанулис (3.265) и Маркус Браун (2.739)
Барселона загуби од Фенербахче по едно продолжение 68:65.
Популарниот „Ла Бомба“ е сопственик на уште два евролигашки рекорди. Тој е кошаркар со најмногу одиграни натпревари во елитната конкуренција (318) и играч кој постигнал најмногу тројки (595).