Живот

Наутро обожувате да пиете кафе? – Правите грешка, а еве истата и што може да предизвика…

Повеќето луѓе тешко можат да го замислат почетокот на денот без кафе. Но експертите тврдатр дека омилениот напиток подобро е да се конзумира подоцна во текот на денот.

Според неодамнешната анкета на Ројтерс, повеќе од 85% од луѓето во Америка редовно конзумираат кофеин, па не е ниту малку чудно што утрата ги асоцираат на мирис на свежо кафе.

Но, нутриционистите велат дека рано наутро можеби е и најдобро време за кафе ако сакате да се чувствувате будно и прибрано во остатокот од денот.

Кафето веднаш по бидењето може да ве направи нервозни и премногу активни недолго откако ќе го испиете, но и многу поуморни по неколку часа.

„Дефинитивно треба да се ограничи внесувањето на кафе веднаш откако ќе отворите оли“, тврди нутриционистот, Лаура Кипуло.

По будењето организмот сам по себе почнува да произведува зголемено ниво на коризол, хормон на стрес кој нас не буди. Ако на тоа му додадете кофеин кој го прави истото, толку кортизол оддеднаш едноставно може да биде повеќе.

Кога по неколку часа таквата двојна количина на кортизол се троши, па настапува чувството на голем замор.

Затоа советот е првото утринско кафе да се испие неколку часа по будењето.

„Испијте кафе кога телото ви произведува помалку кортизол, три до четири часа по будењето“, вели Кипуло.

„Би кажача дека средината на претпладнето или рано попладне е најдоброто време“, додава нутриционистот Лиса Лисевски.

„Тогаш нивото на кортизол е најнизок па користа од кафето е наголема“.

Сепак, не се согласуваат сите со таа теорија. Некои нутриционисти сметаат дека од времето на пиење кафе поважна е нејзината количина.

Но, сите се согласуваат дека кафето не треба да се пие доцна. Според една студија, кафето може да го поремети сонот и до шест часа по пиењето.

Advertisements
To Top