Наунова Јовановска и Темелковска од Инфективна – први медицински лица кои ја примија вакцината од „Фајзер“ кај нас, Филипче ќе се вакцинирал во следните фази


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прим. д-р Добринка Наунова Јовановска, инфектолог на Клиниката за инфективни болести, и главната сестра на клиниката Габриела Темелковска, се првите медицински лица кои ја примија вакцината кај нас. Наунова Јовановска по примањето на вакцината изјави дека се чувствува одлично, пренесува Слободна Европа.

„ Самото аплицирање на вакцината е безболно и може да препорачам секој од нас кој е во оваа држава и сега веќе имаме вакцини да ја прими, по сопствен избор нормално, кој сака Фајзер или некој друг тип на вакцина. Меѓутоа тоа е единствен начин да се заштитиме од овој тип на инфекција што не задеси последнава година дена со која цел свет се бори, а богами и ние добро се истрениравме“, вели таа.

Втората доза се прима по 21 ден, а имунитетот според Јовановска, потоа се стекнува за две до три недели.

„Ќе се чувствувам посигурна ако случајно дојдам во контакт со некој што е инфициран и многу полесно ќе се справам со таа инфекција и тој контакт. За мене ќе биде една голема сигурност тоа што сум примила вакцина и веројатно ќе бидам заштитена многу повеќе од поние што не примиле вакцина“, додаде Јовановска.

Министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека тој ќе се вакцинира во некоја од следните тури на вакцини, со цел да им покаже на граѓаните дека тоа е тоа што треба да го направат.

„Не сакам да им земам место од овие сега првични дози, кои навистина се изброени, на колегите што директно работат со пациентите, сигурно ќе се вакцинирам во некоја од следните тури на вакцините што ќе дојдат со цел да им покажам на граѓаните дека тоа е тоа што и тие треба да го направат“, изјави Филипче.