Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски, е назначен за нов директор на Агенцијата за млади и спорт. Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.
Наумче Мојсовски е роден на 17 јуни 1980 година во Струга. За време на школувањето бил одличен ученик, а омилени предмети му биле математика и географија.
Кога бил во петто одделение, започнал да игра ракомет, а исто така, играл и фудбал и пливал. Негови ракометни идоли биле Боро Чурлевски од РК Пелистер и хрватскиот ракометар Ивано Балиќ.
За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари.