Науката потврдува: Стравот на сите присутни во кино салите може да се измери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Науката може да го измери нивото на страв и стрес во кино салите, што филмската индустрија пак, може да го искористи како објективна метода да определи дали некој филм е примерен за младата публика.

Научниците од хемискиот оддел од Институтот Макс Планк, открија дека нивото на ексцизија во кината е знателно повисоко кога се прикажуваат филмови што не шират напната и нервозна содржина.

Изопренот е хемикалија која телото ја испушта кога е во движење.

„Очигледно е дека несвесно се движиме напред или назад во седиштата или ги стегаме мускулите кога сме нервозни или вознемирени“, вели предводникот на истражувањето, Џонатан Вилијамс.

Научниците го мерат нивото на изопренот во текот на 135 проекции кај 11 различни филмови.

Целта беше да се утврди дали постои објективен метод за да се утврди кој филм е соодветен за таа возраст. Сегашните методи се сосема субјективни.

Вилијамс и неговиот тим ќе го продолжат своето истражување и ќе се обидат да дознаат каков тип на “хемиски отпечатоци” се испраќаат во воздухот и на тој начин откриваат различни емоционални состојби на една личност во одреден период.