Научно потврдено вонземското потекло на фамозниот накит од Тутанкамон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Загатката за потеклото на фамозниот погребен накит на египетскиот фараон Тутанкамон еден век ги интригираше и ангажираше научните кругови кои се обидуваа да го докажат составното потекло на материјалот од кој е изработен.

Тоа конечно им појде од рака на австралиски истражувачи кои ја решија загатката која повеќе од 100 години ги интригираше научниците. Тие докажале дека стаклото употребено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е создадено по удар од метеор пред околу 29 милиони години. Резултатите од студијата се објавени во списанието Geology.

Д-р Арон Кавоси од Центарот за вселенски и планетарни науки „Куртин” ги истражувал ситните честички на минералот циркон, откриени во жолтото стакло на накитот. Анализата покажала дека во овие честички има траги од реткиот минерал реидит (reidite), што може да се создаде само кога метеор ќе удри на површината на Земјата.

„Ова е вечна тема за дискусија, дали стаклото е создадено при удар од метеор или при некаква експлозија во воздухот”, вели Кавоси, додавајќи дека само тие два процеси може да доведат до топење на минералите.

„Сепак, само ударот на метерот создава ударни бранови што создаваат минерали за чие формирање е потребен и висок притисок. Откривањето на трагите на минералот реидит покажува дека стаклото е создадено како резултат на метеорски удар”, децидни се научниците.