Научно објаснување што ја предизвикува хипертензијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зголемувањето на горниот крвен притисок за секои 20 mmHg ги удвојува шансите на овие несакани состојби и болести, затоа е пресудно рано да ги распознаете знаците на артериска хипертензија со цел да добиете соодветен третман.

Ако сте забележале дека крвниот притисок во еден момент е нормален, а веќе во следниот вртоглаво скокнал, тоа би можело да биде знак за аларм, но исто така и потенцијална грешка при мерење на притисокот.

Ненадејните скокови на притисок во текот на денот може да бидат предупредувачки знак дека телото се бори и дека е последен момент да се погрижите за вашето здравје, предупредува кардиологот Кристофер Аптон од Клиниката Мејо, а наведува „Мондо“.

Постојат две причини за оваа појава – едната е сосема неочекувана и има врска со позицијата на телото при мерење, а другата е последица на потешки хронични болести.

Според зборовите на кардиологот, вредноста на крвниот притисок, исто така, може да се разликува кога стоите или кога лежите.

„Лицето може да има притисок 220 со 120 додека лежи или седи. Но, кога ќе стане ќе има 120 со 70″, објаснува Ептон.

Кардиологот, исто така, нагласува дека ова е типично за луѓе со проширени вени, како и за постари луѓе и дијабетичари. Во такви случаи, притисокот мора да се мери во различни позиции.

„Ова е веќе сигнал дека треба да се погрижите за здравјето и да ги преиспитате старите навики. Добро би било да вклучите аеробни вежби, да ја намалите тежината, да ја промените исхраната и строго да го ограничите внесувањето на сол, но и да се консултирате со доктор доколку е потребно да ви воведе терапија“, вели кардиологот.

Постои, исто така, ризик доколку сами ја прекинете терапијата. Ако сами ги прекинете лековите за намалување на крвниот притисок, тој речиси секогаш набргу повторно ќе се качи. Ова може да се случи дури и по 20 години земање лекови.