Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Морските научници од Флорида тврдат дека локалните ајкули многу веројатно конзумираат кокаин фрлен во водите во близина на брегод од Флорида и тоа може да ги натера да се однесуваат на „луди“ начини.
Истражувачите кои анализираат дали фрлената дрога влијае на морскиот живот во регионот, откриле дека некои ајкули се однесуваат многу чудно. Шверцерите на дрога оставаат безброј тони кокаин во водите околу Флорида, транспортирани од Јужна и Централна Америка, или за да го остават кај соработниците или за да избегнат апсење. Дрогата потоа често се исфрла на брегот.
Само минатиот месец, американската крајбрежна стража заплени повеќе од 6.400 килограми кокаин во Карипското Море и Атлантскиот Океан, во вредност од 186 милиони долари.
Морскиот биолог Том „The Blowfish“ Хирд и научникот за животна средина од Универзитетот во Флорида Трејси Фанара ги проучувале ајкулите во архипелагот Флорида Кејс за да видат дали кокаинот има некакво влијание врз нив.
За време на нуркањето со цел да се анализира однесувањето, ајкула од еден вид кој вообичаено ги избегнува луѓето се приближила до тимот и пливала на многу чуден начин. Истражувачите снимиле и ајкула која се чини дека е под дејство на некој опијат и плива во тесни кругови и покрај фактот дека нема ништо во близина.
Покрај следењето на ајкулите, научниците ставиле и слични пакети со кокаин во водата како дел од нивната студија, како и млади лебеди за да видат што прво ќе загризат.
На нивно изненадување, ајкулите тргнале по пакетите, а не по лебедите и ги загризале. Една ајкула дури и го зела пакетот и побегна со него.
Биологот Херд призна дека многу различни фактори можат да бидат одговорни за чудното однесување.