Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувањето посветено на разрешување на дилемата дали жените повеќе сакаат мажи со брада, направено од Универзитетот во Квинсленд, ги даде своите крајни резултати.
Според ова истражување, жените ги сметаат мажите со брада не само привлечни, туку и доминантни, како социјално така и физички и покажа дека колку повеќе и поголема брада имаат мажите, толку се попривлечни.
Анкетирани биле 919 американски жени на возраст меѓу 18 и 70 години, научниците ги замолиле учесниците да оценат фотографии од мажи со различно ниво на брада. Волонтерите прегледувале 30 слики – мажите на сликите биле фотографирани со брада и без брада.
Резултатите покажале дека мажите со поголема брада биле повисоко рангирани за разлика од останатите. Сепак, не сите жени претпочитаа брада. Оние што се против брадата, се осврнаа на хигиената и на потенцијално паразити во кои може да ги има мажот во неа.
Секако, личноста мора да игра улога во привлечност кон спротивниот пол, но овие откритија сугерираат дека жените судат одредени карактерни црти и привлечност чисто првиот поглед.