Научно докажано: ТОЈ е најдобриот пејач на сите времиња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прерано починатиот пејач и фронтмен на култните Queen, Фреди Меркјури, кој беше роден на денешен ден, и официјално, со научен доказ, е прогласен за најдобар пејач на сите времиња.

Група австралиски, чешки и шведски научници направија истражување чии резултати беа објавени во Logopedics Phoniatrics Vocology. Иако не ја испитуваа урбаната легенда дека Фреди Меркјури имал распон на гласот од неверојатни цели четири откави, тие открија повеќе од интересни факти за неговиот легендарен вокал.

Пред сè, иако беше познат како тенор, всушност, неговиот глас според преференците и афинитетите беше поблизок до баритон. Тимот научници тоа тврдење го базира на шест интервјуа кои бившиот лидер на Queen ги има дадено, а кои откриваат дека фреквенцијата на неговиот глас е 117,3 херци, пренесува Unilad. Неговите гласни жици ги снимија во дури 4.132 слики во секунда, за да можат да утврдат како точно му успевало на Фреди тоа што можел да го направи со својот глас.

Заклучокот е дека гласните жици од Фреди едноставно побрзо се движеле отколку кај другите луѓе. На пример, додека типично „вибрато“ се движи со фреквенција меѓу 5,4 Hz и 6,9 Hz, кај Меркјури се движело на околу 7,04 Hz.

„Квантитативната анализа која користеше новововедени параметри за проценка на правилноста на вокалните вибрации ја поткрепи својата перцептивна неправилна природа, сугерирајќи дека (не)правилноста на вибратото е дистинктивно обележје на пејачкиот глас“, пишува во студијата објавена за прв пат пред две години, а чии детали можете да ги видите тука.