Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Резултатите од истражувањето на Универзитетот во Тексас пропорциите на женското тело за 2017 г. покажале дека Кели Брук (40) е сопственичка на идеалното тело.
Научниците откриле дека идеалното женско тело е со висина 1,68 m, а обемот на струкот и колковите се 99 x 63 x 91 cm, што речиси одговараше на мерките на актерката.
И покрај тоа што го има „најубавото тело на светот“, Брук вели дека многупати во текот на животот била жртва на потсмев. Кога Брук (чие вистинско име е Кели Ен Парсонс) на Инстаграм објави своја фотографија во бикини во 2017 година, луѓето оставија злобни коментари нарекувајќи ја „кит“ и „премногу дебела“.
Кели потоа им одговори на злобниците на Твитер: „Има убави и паметни луѓе кои ме следат на социјалните мрежи и со кои сакам да разговарам! Нема да дозволам негативноста на неколкумина да ме спречи да објавувам“.
Истражувањата кои дефинираат „совршено тело или изглед“ најчесто се причина за токсични коментари и негативни реакции кои создаваат уште поголем јаз меѓу луѓето.