Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За сите кои обожаваат зимски коктели, ова ќе им дојде како „кец на десетка“ и оправдување што почесто да си го консумираат омилениот пијалок. Сепак, запамтете, не треба да претерувате. Тоа е уште полошо.
Настинките и зимските вирози секогаш се актуелни кај нас во овој период од годината, особено затоа што уште нема фатено вистинска зима која ги уништува сите вируси и бактерии. Ако постојано страдате од воспалено грло, растечен нос и температура, најдобро е да се упатите во најблиското кафуле и да си нарачте еден hot toddy коктел, порачуваат научниците.
Алкохолот помага за смирување на телото
Комбинацијата од виски, лимон, мед и врела вода, пишува Mic, наводно е одлична како ублажувач на симптомите од настинката и прочистување на дишните патишта. Да, звучи малку невројатно алкохолот да има таков ефект, но научниците тврдат дека вистината е токму таа и таква.
Дури и лековите содржат малку алкохол во себе, порачуваат научниците. Вискито во споменатата комбинација помага да заспиете и да се опуштите, но немојте да претерувате со коктелчето, бидејќи во спротивно истото ќе има и обратен ефект во поглед на спиењето, а и другите влијанија врз организмот.
Врелата вода го олеснува дишењето
Жешката вода во коктелот нема да ви ги загрее само рацете, туку ги отвора и дишните патишта. Исто како кога инхалирате вода со морска сол. Алкохолот во овој случај делува како етеричните масла кои е познато дека го олеснуваат дишењето.
Сок од лимон
„Лимоновиот сок го намалува производството на слуз што, од друга страна, го олеснува функционирањето на респираторниот систем“, тврди хербалистот Даглас Скар.
Оваа овошка, исто така, се бори против разни инфекции, но и цврсто е докажано дека витаминот Ц сам може да ја победи настинката.
Мед
Заедно со лукот, медот е најдобра природен антибиотик кој го смирува воспаленото грло и деува против бактериите и вирусите бидејќи е пребогат со антиоксиданси. Затоа, одличен ефект ќе има ако го вклучите во сите зимски напитоци кои ги консумирате, чисто заради превенција.