Научниците тврдат: Ова место е најдобро за населување на Месечината


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Научниците веќе подолго време претпоставуваат дека вдлабнатините на Месечината, направени од ерупциите лава, најверојатно се погодни и сигурни места за живот.

Истражување објавено во списанието Geophysical Research Letters укажува дека неколкуте откриени тунели близу групата вулкани Мариус Хилс можат да се искористат за научно испитување на структурата на Месечината, но и како потенцијален дом за луѓето.

Јапонската воздушно-вселенска истражувачка агенција (JAXA) ги темели овие сознанија според анализа на податоци од леталото Селен. Освен што ги откриле тунелите, јапонските научници утврдиле и колку се тие длабоки и широки.

„Без сомнеж, овие дупки би биле совршени за колонистите. Во подземните тунели, луѓето би биле заштитени од штетните сончеви зраци, температурните промени. Бидејќи Месечината нема атмосфера, овие „скривалишта“ се идеални, пишува порталот Gizmodo.