Научниците тврдат: Ова е местото со најчист воздух на Земјата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Научниците и истражувачите се убедени дека го откриле местото со најчист воздух на планетата Земја, каде воздухот е целосно незагаден од човечко влијание и активности. Лоцирано е во Јужниот океан што го опкружува Антарктикот.

Ова е прва ваква студија која го испитува составот на биоаеросолите во Јужниот океан, спроведена од научници од Универзитетот во Колорадо. Тие биле во можност да идентификуваат атмосферски регион кој е недопрен од човечко влијание.

Времето и климата се тесно поврзани и ги поврзуваат регионите ширум светот. Бидејќи климатските промени се забрзуваат како резултат на човековите активности, научниците решија да се обидат да го пронајдат местото на земјата што е најмалку зафатено од влијанието на луѓето.

Професорката Соња Крајденвеис и нејзиниот тим се сомневале дека воздухот над Јужниот океан е најмалку погоден од човечката активност и прашината од континентите.

Откриле дека граничниот слој на воздухот, кој ги храни најниските облаци, е во област без никаков аеросолни честички продуцирани од луѓето. Немало честички од фосилно гориво, култури, пестициди или отпадни води. Загадувањето на воздухот обично се јавува кога аеросолите, цврсти честички на гас, завршуваат во воздухот.

Студијата заклучува дека Антарктикот се чини дека е изолиран од ширењето на микроорганизмите од јужните земји.

„Јужниот океан се чини дека е едно од ретките места на Земјата најмалку погоден од човечките активности“, изјави Томас Хил, научник и коавтор на студијата.

Студиите покажале дека загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и рак на белите дробови.

Повеќе од 80 проценти од луѓето од градските области, како и од земјите со среден приход страдаат од проблеми предизвикани од послаб квалитет на воздухот.

Сепак, студиите покажуваат дека загадувањето на воздухот може да ги премине географските граници и да ги погоди луѓето стотици милји подалеку.