Научниците тврдат: Ни следуваат пеколно жешки години


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најновите истражувања направени преку математички модел резултираа со податоци според кои е утврдено дека наредните неколку години времето ќе биде исклучително жешко.

Научниците преку математички модел со кој се утврдува колку ќе се зголеми глобалната температура на површината на земјата , утврдиле дека ни претстојат пеколни години. Од 2018 до 2022 може да очекуваме екстремен пораст на температурата.

На почетокот на 21 век , научниците утврдија дека ќе има пауза во загревање на Земјата , па сепак последните анализи укажуваат дека последните пет години се најжешки откако се мери температурата . Според математичкиот модел , претстојните години ќе биде пожешко и од предвиденото.

Тимот на научникот Флоријан Севелек од Научниот центар за истражувања во Брест и Сибрен С. Дифоут од Универзитетот во Саутемтон , осмислиле статистичка метода за пребарување преку симулација на климатските промени во овој и минатиот век.