Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Научниците од Институтот за технологија во Џорџија откриле дека почетната големина на зеницата е тесно поврзана со индивидуалните разлики во интелигенцијата. Колку се поголеми зениците, толку е поголема интелигенцијата. Тие спровеле повеќе истражувања на оваа тема и откриле дека разликата во почетната големина на зеницата помеѓу луѓето кои постигнале највисок резултат на когнитивните тестови и оние кои постигнаа најнизок резултат е доволно голема за да може да се види со „голо око“, пишува „Scientific American “.
„Ова прво го забележавме додека ги проучувавме разликите во количината на ментален напор што луѓето го вложуваат во извршувањето на мемориските задачи. Проширувањето на зениците беше показател за тој напор, метод популаризиран од психологот Даниел Канеман во 1960-тите и 1970-тите. Кога откривме врска помеѓу почетната големина на зениците и интелигенцијата, не бевме сигурни дали тоа навистина беше така и што точно значеше тоа “, рече когнитивниот психолог Џејсон С. Цукахара од Институтот за технологија во Џорџија.
По ова интересно откритие, научниците спровеле неколку поголеми студии, во кои учествувале повеќе од 500 испитаници на возраст од 18 до 35 години. Тие ја измериле почетната големина на зениците од учесниците додека гледале во празен екран на компјутерот до четири минути.
Големината на зеницата се однесува на дијаметарот на црниот кружен отвор во центарот на окото. Може да се движи од околу два до осум милиметри. Зеницата е опкружена со разнобоен дел, познат како ирис.
Цукахара и неговите колеги откриле дека поголеми зеници е во корелација со поголема интелигенција, контрола на вниманието и, во помала мера, капацитет на работна меморија, што сугерира фасцинантна врска помеѓу мозокот и окото. Интересно е тоа што големината на зениците е во негативна корелација со возраста, т.е. постарите обично имаат помали, потесни зеници.
За да одговориме на прашањето зошто големината на зениците е во корелација со интелигенцијата, треба да разбереме кои процеси се случуваат во мозокот. Големината на зеницата е поврзана со активност во локусот корулеус, област лоцирана во горното стебло на мозокот, која има нервни врски со остатокот од мозокот.
Локус корулеус ослободува норадреналин, кој делува и како невротрансмитер и како хормон и ги регулира процесите како што се перцепција, внимание, учење и меморија. Исто така, помага да се одржи здрава организација на мозочната активност, така што оддалечените региони на мозокот можат да работат заедно за да постигнат предизвикувачки задачи и цели. Дисфункција на локус корулеус е забележана кај неколку болести, вклучително и Алцхајмерова болест.
Една хипотеза е дека луѓето кои имаат поголеми зеници во мирување имаат поголемо регулирање на активноста во локус корулеус, што ги фаворизира когнитивните перформанси и мозочната функција при мирување. Но, за да се потврди оваа корелација и да се открие зошто поголемите зеници се поврзани со поголема интелигенција и контрола на вниманието, потребни се дополнителни истражувања.