Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Научниците тврдат дека идентификувале карактеристики кај некои луѓе кои кај истите предизвикуваат поголема веројатност да веруваат дека ги слушаат пораките на мртвите.
Според најновото истражување, меѓу медиумите кои наведуваат дека комуницираат со задгробниот живот, постои предиспозиција за високо ниво на апсорпција на задачи, необични аудитивни искуства во детството и голема склоност кон аудитивни халуцинации.
Ова откритие може да им помогне на експертите подобро да разберат зошто менталните болести како што е шизофренијата често се придружени со вознемирувачки аудитивни халуцинации.
Научниците честопати се интересираат за таканаречените спиритуалистички искуства каде што луѓето тврдат дека гледаат или слушаат нешто што не доаѓа од докажан надворешен стимул; оваа тема е од интерес и за антрополозите кои проучуваат религиозни и духовни искуства, но исто така и за научниците кои истражуваат патолошки халуцинаторни состојби.
Експертите особено сакаат да разберат зошто некои луѓе со аудитивни халуцинации ги припишуваат на духовно искуство, додека други ги доживуваат како нешто вознемирувачко што го загрозува нивното ментално здравје.
„Спиритуалистите веројатно известуваат за необични слушни искуства кои се позитивни, кои ги среќаваат рано во животот и кои често можат да ги контролираат“, објаснува психологот Питер Мосели од Универзитетот во Нортамбрија во Велика Британија.
Мозели и неговиот колега, психологот Адам Пауел од Универзитетот во Дурам во Велика Британија анкетирале 65 спиритуалисти од Националниот сојуз на Велика Британија и 143 членови на општата популација одбрани преку социјалните медиуми за да утврдат што ги разликува спиритуалистите од пошироката јавност кои обично немаат способност да „зборуваат“ со мртвите.
44,6 проценти од анкетираните спиритуалисти пријавиле дека слушаат гласови секојдневно, а 79 проценти рекле дека ваквите искуства се дел од нивниот секојдневен живот. И додека повеќето рекле дека слушаат гласови во нивните глави, 31,7% рекле дека ги слушале како доаѓаат однадвор, пишува Science Alert.
Резултатите од истражувањето покажало дека спиритуалистите веруваат во паранормални појави многу повеќе од просекот на општата популација и дека за нив е помалку важно што мислат другите луѓе за нив. Тие обично го искусиле своето прво искуство со аудитивни халуцинации како млади луѓе; просекот бил 21,7 години, а тие исто така пријавиле изразена способност за фокусирање. Нивото на фокус е поим кој опишува целосен фокус на менталните задачи и активности или изменети состојби.
Се покажало дека спиритуалистите се повеќе склони кон искуства кои личат на халуцинации и дека пред нивните необични искуства тие обично не слушнале за спиритуализмот, туку наишле на овој термин додека барале одговори на нивните прашања.
Студијата забележала дека високото ниво на концентрација кај општата популација е силно поврзано со верувањето во паранормалното, но малку или воопшто со склоноста кон аудитивни халуцинации. Во двете групи, спиритуалисти и членови на општата популација, не биле забележани разлики во нивото на паранормално верување и чувствителност на визуелните халуцинации.
Експертите веруваат дека овие резултати покажуваат дека притисокот од врсниците, позитивниот социјален контекст или сугестивноста поради вербата во паранормалното тешко дека ќе влијае на „можноста“ да разговараат со мртвите. Наместо тоа, луѓето што ги „слушаат“ мртвите, прифаќаат спиритуалистички поглед на светот затоа што тоа се совпаѓа со нивното претходно искуство.
„За нашите учесници, спиритуализмот е одговор на невообичаени искуства од детството, како и на честите аудитивни феномени што ги доживуваат како медиуми додека тоа го практикуваат“, вели Пауел.
„Овие искуства произлегуваат повеќе од поседување одредени склоности или способности отколку од верување во способност за контакт со мртвите“, додаде тој.
Експертите велат дека идните студии ќе истражат разновиден културен контекст за подобро разбирање на односот помеѓу фокусот, верувањето и необичното искуство при комуникација со мртвите.
Истражувањето наречено When spirits speak: absorption, attribution, and identity among spiritualists who report “clairaudient” voice experiences е објавено во списанието Mental Health, Religion and Culture.