Научниците тврдат дека откриле после колку време и зошто на жените им здосадува сексот со партнерот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жените имаат два пати поголема шанса од мажите да изгубат интерес за сексот кога живеат со партнерот во долга врска, покажува британското истражување за полови односи, пренесува ВВС.

Утврдено е дека и мажот и жената со текот на годините ја губат страста за партнерот, но тоа е повпечатливо и поизразено кај жените во долги врски. Лошата здравствана состојба и намалувањето на интензитетот на емоциите во врската влијаат врз желбата за секс и кај двата партнери.

Истражувањето, чии резултати се објавени во списанието BMJ Open, опфати речиси 5.000 мажи и 6.700 жени.

Британските научници велат дека намалувањето на сексуалната желба треба да се лечи така што личноста ќе се анализира и набљудува во целина, наместо да се прибегнува кон препорака за земање на лекарства.

Терапевтката Аманда Мајор вели дека губењето на итнерес за секс не е нужно абнормална појава, бидјеќи многу различни причини се потребни за жената и мажот да се менуваат.

„За некои тоа е природно, но кај други предизвикува нервоза и страдање“, вели таа.

Вкупно 15% од мажите и 34% од жените опфатени во истражувањето изјавија дека во изминатата година биле незаинтересирани за секс најмалку три месеци. Кај мажите губењето на интерес за секс е најинтензивно во периодот помеѓу 35 и 44 години, додека кај жените од 55 до 64 години.

Научниците од Универзитетот Саутемптон и лондонскиот универзитетски колеџ велат дека не постојат докази оти менопаузата има улога во оваа работа.

Утврдено е дека посебно изразена и највлијателна причина за губењето на желбата за секс кај жените се малите деца во домот. Лошото физичко и ментално здравје, лошата комуникација меѓу партнерите и намалените емоции во текот на половиот однос се друг главна причина за губење на интерес за секс и кај мажите и кај жените.

Истражувањето покажа дека кај оние кои изјавиле дека „секогаш едноставно разговараат за сексот со партнерот“, губењето на интерес за истиот било најмало.

Научниците велат дека веројатноста да кажат дека изгубиле интерес за секс била поголема кај оние чии партнери имале сексуални потешкотии или кај оние кои се чувствувале помалку среќни во врската.

Кај жените фактор за губење на интересот за секс во врската била и разликата во склоностите и вкусот во сексуалниот однос.