Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Група научиници од кинески универзитет, развиле нова врста на хартија која може да се избрише, и повеќекратно да се печати.
Во списанието Nature Communications, научниците објаснуваат како ја направиле хартијата, како функционира и начини на кои ќе ја подобрат.
Хартијата која може да се избриши и повторно да се употреби ќе добринесе за заштита на планетата. Производството на хартија ја загадува околината, а барањето на нови извори води до губење шума во големи размери. Хартијата произведена во Кина најверојатно нема одма да направи ригорозни промени, но оваа иновативност ќе поттикне повеќе да се насочиме кон тоа.
Успеaле 8 пати да испринтаат на еден лист
Хартијата е со повеќеслојна подлога од полимери кои реагираат на соли од метали, и произведуваат 7 различни бои. Хемикалиите во листовите реагираат на специфични метали како што се цинк, железо и кобалт. Научниците додале и флуорин за да се добие подобри оптички својства на хартијата. За принтање е користен стандарден принтер со тинт. Тие тврдат дека им успеало да го избришат текстот и повторно да принтаат на истиот лист, 8 пати, пред да го изгуби интензитетот.
Се уште не знаат како да создадат хартија на која може наново да се пишува во повеќе бои
Хартијата на која може наново да се пишува воглавно доминира во академските истражувања, поради потенцијалните предности. За користење во секојдневието недостаток на овој вид хартија е што не може да се пишува во повеќе бои, како и содржини кои долго траат.