Научниците шокирани: Лекот кој го користи половина свет предизвикува рак!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Човекот отсекогаш имал насушна и недвосмислена доверба во лекарската фела, како наука и научници кои својот живот го посветиле на заштита и подобрување на човечкото здравје. Но, со експанзијата на фармаколошката индустрија и „ре-дефинирањето“ на здравјето како економски производ, а не како безусловно и бескомпромисно човечко право во едно општество, започна и разнишувањето на безбедноста на лековите, како и довербата на луѓето по секоја цена во нив.

Долготрајната употреба, на пример, на популарните лекови за намалување на желудочна киселина, инхибиторите на протонска пумпа (ИПП), како Controloc, Nexium, Lazol, Prilosec, Prevacid и слични, се поврзуваат со два и пол пати поголем ризик од развој на рак на желудникот, покажува новото истражување чии резултати ги шокираа научниците.

Инхибиторите на протонска пумпа се лекови со кои се лекуваат пептичките болести како гастритис, пептички улкус и ГЕРБ (гастроезофагеален рефлукс) кај кој желудочната содржина се враќа во хранопроводот, а последица е оштетување на хранопроводот од желудочниот сок, објаснува Science Alert.

Неколку претходно направени истражувања покажаа дека споменатите лекови ги користат милиони и милиони луѓе ширум цел свет и дека станува збор за безбедни лекови оки главно добро ги поднесува организмот, но едно неодамнешно истражување покажа дека сè повеќе податоци одат во прилог на нивното негативно дејство.

Шокантни резултати од истражувањето

Според резултатите од последното истражување направено на ова поле, а објавени во списанието Gut, инхибиторите на протонска пумпа (ИПП) го зголемуваат ризикот од развој на смртоносен гастроинтестинален тумор. Целта на лековите од групата ИПП е уништување на бактеријата Хеликобактер пилори, која ја има половина од светската популација, а кај мал дел од нив е одговорна за развој на чир на желудникот и е фактор на ризик за развој на рак на желудникот.

Претходните испитувања покажаа дека лицата со инфекција од бактеријата Х. пилори кои земаат некој од инхибиторите на протонска пумпа, имаат поголеми изгледи за развој на атрофиски гастритис кој претходи на рак на желудникот. Востановено е и дека кај пациентите, кај кои со помош на ИПП се уништени бактериите во системот за варење, а кои и понатаму го земаат лекот, постои зголемена можност за развој на рак на желудникот.

Научниците од Универзитетот во Хонг Конг и лондонскиот колеџ Јуниврзити сметаат дека ракот во овој случај се развива поради долготрајната примена на ИПП.

„ИПП лековите се доста ефикасни во лекување на инфекцијата од бактеријата Хеликобактери пилори и доста безбедни кога станува збор за краткорочна употреба. Непотребно долгото користење на истите треба да се избегнува“, вели Јан Вонг, научник од колеџот Јуниврзити.

Повеќе од 100% зголемен ризик

Вонг и колегите ги анализираа лекарските картони на 63.397 пациенти кои се лечени со ИПП лекови и антибиотици. Кога инфекцијата е искоренета, пациентите продолжиле со терапијата во следните седум и пол години, период во кој 3.271 пациент во период од три години земале само ИПП, а останатите пациенти користеле алтернативни лекови, како антагонистички хистамински Н2 блокатори кои го блокираат хистаминот на рецепторите на хистамин во желудникот.

Се покажа дека земањето на ИПП било поврзано со повеќе од стопостотно зголемување на ризикот од развој на рак на желудникот. Кај пациентите кои земале H2 блокатори не е забележан таков ризик од рак, покажува студијата.

Научниците потенцираат дека ризикот од рак зависи и од тоа колку често испитаниците земаат ИПП лекови. Користењето на Инхибитори на протонска пумпа во подолг период предизвикува зголемен ризик од рак на желудникот, попрецизно, до пет пати после повеќе при една година, до шест пати после две или повеќе години и дури осум пати после три и повеќе години земање на лековите.

Авторите на истражувањето сметаат дека лекарите мора да бидат и тоа како внимателни кога станува збор за препишување на ИПП лекови на долг рок.